7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ ќе маршира од Собрание до судовите под мотото „Чекориме за правда“

СДСМ денеска во 18 часот ќе одржи марш под мотото „Чекориме за правда“. Рутата ќе се движи од Собранието до судовите.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги повика сите граѓани кои се за правда, правичност и силна правна држава да се приклучат на маршот.

„Ве повикувам сите, приклучете се во борбата за правда. Заедно да чекориме во изградбата на правната држава. Затоа, ве повикувам сите правдољубиви луѓе, понеделник, во 18 часот, пред Собранието на Република Северна Македонија, да чекориме во име на правдата. Ве повикувам да се приклучите кон Маршот “Чекориме за правда”. Заедно да чекориме од местото каде се изгласа овој толку важен закон, од Собранието, до местото каде треба да ги видиме конечните правни разрешници“, повика Заев.

Заедно ќе продолжиме напред, додаде тој, со одлучни чекори за вистинска и неселективна правда. „За европска перспектива, но и одговорност за сите кои го прекршиле законот! За напредок, развој и членство во НАТО и ЕУ“, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК

Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат

ДЕСК

Од 499 пријавени на обука за пожарникари се појавиле 364 – Стојанче Ангелов со детали

ДЕСК