Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Исплатени субвенциите за одгледувачите на говеда

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 12.500 сточари, кои одгледуваат говеда, исплати 354 милиони денари. Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, преку соопштение појаснува дека станува збор за исплата по мерката – директни плаќања за обележани говеда.

„Изминатиот период Агенцијата ги исплати субвенциите за полјоделците, за градинарите, за лозарите и за овоштарите. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралнот развој и во наредните денови ќе продолжи со редовната исплата на субвенциите за сите лица што правно законски стекнале право за користење на оваа финансиска поддршка“, вели Бабовски.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата фати дрвосечаци – заработија кривична пријава

ДЕСК

Апсења на повеќе локации низ Скопје

ДЕСК

Доаѓа продолжен викенд овој месец – Еве уште колку неработни денови следуваат до крајот на 2026!

ДЕСК