Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

НоваТВ: Со Законот за ЈО, оживуваат и предметите во истрага на СЈО

Фактот дека Законот за јавно обвинителство продуцира правда и праведно општество е поткрепен со уште еден аргумент во прилог на тоа дека, не само предметите на СЈО кои се во судска процедура, односно имаат обвинителни акти пред 30 јуни во 2017 година, туку во игра се враќаат и досиејата на СЈО кои се во предистрага или во фаза пред обвинителен акт, а за кои Врховниот суд донесе одлука дека по 30 јуни во 2017 година обвинителско-судските институции не смеат да преземаат ништо, пишува НоваТВ.

Имено, сите предмети кои произлегоа од прислушкуваните материјали кои ги обработуваше СЈО и по кои обвинителството започнало предистражна постапка, отворило истраги или поднело обвиненија после 30.06.2017 година, како и постапките за нив, продолжуваат без можност да се негираат пред ниеден суд. Факт е дека Врховниот суд со начелниот правен став од јануари 2019-та сите овие постапки ги негираше, повикувајќи се на изминатиот рок од 18 месеци од законот за СЈО и донесе обврзувачко правно мислење за своите совети дека за овие постапки СЈО не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија.

Целиот текст прочитајте го на НоваТВ.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ ПЕТ ЧАСА БЕЗ СТРУЈА ВО ТЕТОВСКО – Објавени локациите и термините за планираните исклучувања

ДЕСК

НОЕМВРИ НОСИ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 23 СТЕПЕНИ, НО И СИЛЕН ВЕТЕР НАД 60 КМ/Ч – УХМР најавува дождови, магла и ново затоплување во Македонија

ДЕСК

МАКЕДОНЕЦ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ – Сашко Кедев највозрасен човек што ги освоил сите 14 осумилјадарки

ДЕСК