Centar.mk
ЛОКАЛНО

Расчистена депонијата под Калето, сопствениците задолжени да ја оградат и чистат парцелата

Екипите на Град Скопје деновиве целосно го расчистија просторот под скопското Кале, кој пред само неколку недели беше претворен во дива населба и дива депонија и претставуваше извор на аерозагадување поради огновите што се палеа на отворено.

Бидејќи локацијата е всушност приватна сопственост, Град Скопје ги задолжи сопствениците да си го оградат местото и ги предупреди дека во иднина тие се одговорни да ја одржуваат хигиената на парцелата.

Град Скопје најавува засилени контроли и ригорозни казни за оние што ќе дозволат на своите парцели да се трупа ѓубре и да се создаваат диви депонии кои ја загадуваат и нагрдуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје

ДЕСК

Известување за воведување на нов сообраќаен режим на новите семафори на крстосниците со булеварот “Македонија”

ДЕСК

ГРАДОТ СКОПЈЕ ЌЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ: Авионска дезинсекција на 1 и 2 јуни

ДЕСК