11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ во неверување по донесувањето на Законот за обвинителство, бараат од Пендаровски да не го потпишува

Од ВМРО ДПМНЕ како да не очекуваа дека СДСМ ќе обезбеди дво-третинско мнозинство за Законот за јавно обвинителство со кој ќе се стави крај на криминалите сторени за време на режимот.

-Слугите на Заев деенска се надминаа себеси. Законот за зашитата на криминалот на Заев не помина. Она што се случи потоа е врвот на она што се нарекува хибриден режим, рече Никола Мицевски од ВМРО ДПМНЕ.

Партиските структури на ВМРО ДПМНЕ, која и самата е осомничена во предмети за изборни измами, сега енергијата ја насочуваат кон Претседателот Стево Пендаровски и вршат притисок тој да не го потпише законот.

Аналитичарите коментираат дека со донесувањето на Законот за јавно обвинителство доаѓа крајот на криминалните структури кои беа претходно заштитени од одговорност. Сега сите очекуваат, заглавените предмети дека ќе се откочат и ќе профункционира правната држава.

Законот е доста битен и за членството на Македонија во ЕУ. По ова речиси е невозможно Макрон да не поддржи старт на преговорите за Македонија со ЕУ.

Лидерот на СДСМ претходно на прес конференција го поздрави донесувањето на Законот за јавно обвинителство и порача дека доаѓа правдата.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +
МАКЕДОНИЈА

Малолетник имал пиштол во автомобилот

ДЕСК

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција на ул.„Кузман Шапкарев“ во Скопје сопреле автомобил „фолксваген пасат“, управуван од 16–годишен малолетник од с.Рашче, скопско.

При извршениот преглед на возилото биле пронајдени и одземени пиштол “Walter“, калибар 7,65мм и една метална рамка со седум куршуми. Лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава./Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +