Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Фото: Само 6 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласале против Законот за ЈО

Законот за Јавно обвинителство на денешната 135-та седница доби поддршка од 80 пратеници, а само шестмина беа против од присутни 116 пратеници. Тоа се Зоран Илиоски, Дафина Стојаноска, Лилјана Кузмановска, Ане Лашкоска, Магдалена Манаскова, Слаѓана Митовска, пренесе Локално.мк.

Малку пред тоа 74 пратеници гласаа „за“ законот, што не беше доволно за двотретинско мнозинство, по што претседателот на Собранието, Талат Џафери го поништи гласањето.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски побара да важи првото гласање, а Џафери рече дека морал да ги испочитува повиците на дел од пратениците кои се пожалиле дека не им бил регистриран нивниот глас, по што даде еден час пауза на барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: Локално.мк

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК