Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Билатерална средба на Димитров со Захариева и состанок со Карл Билд во Минхен

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција имаше билатерална средба со Екатерина Захариева, заменик претседател на Владата и МНР на Република Бугарија.

Средбата беше искористена за подготвителните активности во светло на Берлинскиот процес со кој копретседаваат двете земји и за реализација на утврдените приоритети и настани согласно програмата на заедничкото претседавање.

„Одличната соработка меѓу тимовите на двете земји е во духот на она што е наша главна дипломатска цел – да ги зацврстиме темелите на мостовите што ги поврзуваат земјите од регионот и преку копретседавањето на Берлинскиот процес сите заедно да зачекориме напред. Голема одговорност, но и вистинска шанса и за нас и за Европа” рече Димитров.

Тој се сретна и со Карл Билд, поранешниот шведски премиер и актуелен копретседавач со Европскиот совет за надворешни работи во рамки на состанокот организиран од Охридската група. Беа разменети мислења за актуелните политички случувања во регионот и европските перспективи.

„Со оглед на досегашното македонско патешествие кон ЕУ, за европската перспектива да биде кредибилна, потребна е одлука за отворање на пристапните преговори без одлагање“ нагласи Димитров.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +