Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Зоран Заев: Стигаат вести дека ЕУ е подготвена во целост да ги препознае и потврди резултатите кои ги постигна Северна Македонија

Стигаат вести дека ЕУ е подготвена во целост да ги препознае и потврди резултатите кои ги постигна Северна Македонија, вели Зоран Заев, претседател на СДСМ.

– За голем дел од тие резултати оддавам огромно признание на пратениците од мнозинството и на сите други пратеници кои се бореа и кои во моментов се борат за европските вредности и за изградбата на подобра држава.

Сега повторно повикувам на одлучност, Собранието нека биде уште еднаш место каде што одговорноста на пратениците ќе ја потврди нашата определба за правна држава и за одење напред кон Европската Унија.

Северна Македонија и Европската Унија се подготвени за следниот чекор, вели Заев.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК