7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ГАЛЕРИЈА: Со герила акција се потсети на масовното прислушување

Герила акција на плоштадот во центарот на градот со која се потсетува на прислушувањето кое се вршеше од страна на минатата власт.

„Повеќе од 20.000 прислушкувани функционери,новинари, судии, обвинители политичари, верски лица,професори, лекари и граѓани во над 600.000 телефонски разговори. Никогаш повеќе“, пишува на мобилниот телефон.

За прислушувањето, Специјалното јавно обвинителство подигна обвинение „Таргет-Тврдина“, каде што беа обвинети ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешната министерка Гордана Јанкулоска, началникот на петтата управа, Горан Грујевски, Никола Бошкоски, Тони Јакимовски и шест други службеници во УБК.

Според СЈО, прислушувањето било извршено во УБК, а незаконски биле следени 5.827 броја и биле прислушувани над 20 илјади граѓани. На голем број новинари и граѓански активисти во 2015 им беа врачени „папки“ со нивни прислушувани разговори.

Во 2015 година лидерот на тогашната опозиција, Зоран Заев, обелодени дека се прислушувани над 100 новинари.

Спонзорирано: