Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Двајца македонски државјани позитивни на коронавирусот

Министерството за здравство има информација за двајца македонски државјани коишто се позитивни на коронавирус, информираат од Министерството.

Станува збор за еден член на екипажот на јапонскиот крузер, кој е хоспитализиран во јапонска болница, но со лесна клиничка слика и уште една наша државјанка којашто е во изолација во болница во Франција.

За нивното враќање дома Министерството за здравство ќе биде навремено известено од тамошните власти, по што ќе бидат преземеме сите потребни мерки.

Министерот Венко Филипче изјави дека целиот систем е подигнат на високо ниво на будност и дека се следи секоја информација којашто доаѓа, како од релевантните странски институции, така и од соседните земји.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК