23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Џеф Безос постави нов рекорд на цените на недвижностите во Лос Анџелес, купи имот од 165 милиони долари

Богатството на основачот на „Амазон“, Џеф Безос (56), се проценува на 132 милијарди американски долари, така што не му претставувало проблем да одвои дури 165 милиони долари за имот на Беверли Хилс. Со тоа Безос постави нов рекорд на цените на недвижностите во Лос Анџелес

Имотот од 9 хектари му припаѓал на Џек Ворнер, покојниот сопственик на студиото „Ворнер Брос“. Во 30-тите години Ворнер на имотот изградил голем замок од 13.600 квадратни метри со дрвен под по кој одел дури и Наполеон. Во меѓувреме, замокот бил урнат, но имотот и понатаму е еден од најпосакуваните во Лос Анџелес затоа што нуди поглед на целиот град.

Имотот има пространи тераси и градини, тениско игралиште, базен, терен за голф со девет дупки и посебен дел за мотоцикли со сопствена сервисна гаража и пумпи за гас.

Безос неодамна првпат ја покажа својата девојка Лорен Санчез (49) во јавноста и позира со неа пред насобраните фотографи на црвениот килим во индискиот Мумбај, каде што се одржа вечера во чест на „Амазон прајм“./Makfax