По барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, собранискиот спикер Талат Џафери даде пауза од еден час на седницата на која треба да се расправа за законот за Јавното обвинителство.
https://www.facebook.com/renatadeskoska/posts/2610278192584618
Мицевски побара министерката за правда, Рената Десковска, пред пратениците да го образложи законот за Јавно обвинителство.
Дескоска се огласи со коментар на „Фејсбук“ и напиша дека за да се заштеди на време, одлучиле таа и пратениците од СДСМ и коалицијата да не се јавуваат за збор.
„Очигледно е дека дел од стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е меѓу другото триесеттина од нив да се јават за реплики на мојот говор и тоа би значело дополнителни 2,5 до 3 часа со реплики и контрареплики. Затоа одлучивме ниту јас, ниту другите пријавени пратеници од СДСМ и коалицијата да не се јавуваме за збор, со што заштедуваме најмалку 8 часа дебата по нашите говори.
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ самиот од говорницата свесно или несвесно призна дека најмалку месец дена веќе го објаснувам и бранам законот во јавност. Значи на сите им е јасно кои се последиците од овој закон, а најмногу на осомничените и обвинетите за криминал и корупција, па затоа е паниката и ваквите бурни реакции на одредени политички партии. Кога не им успеа планот да го трошат времето со реплики на мојот говор и говорот на пратениците на власта, пробуваат да купат време со еден час пауза“, напиша Дескоска на „Фејсбук“.