Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вархеји: Да се забрза процесот за пристапување за Северна Македонија и Албанија

За да го сочува својот кредибилитет, Европската Унија мора да го забрза пристапот на земјите од Западен Балкан и неопходно е тој процес да биде подинамичен, изјави европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур.

Тој нагласи дека со Северна Македонија и Албанија мораат да се отворат пристапните преговори, бидејќи и двете држави ги исполниле барањата кои им биле поставени.

„За време на долгите подготовки и преговарачкиот процес ќе ни биде неопходна многу посилна политичка контрола, со максилано учество на државите членки. Во спротивно, ризикуваме јакнење на силите кои би можеле да нанесат штета на преговарачкиот процес“ предупредува Вархеји.

Според него, проширувањето на Западен Балкан може да биде успешно само ако ЕУ го исполни ветувањето кое го дала, а тоа бара побрз и подинамичен процес./Makfax

Можеби ќе ве интересира

Македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Државата Катар и Обединетите Арапски Емирати да побараат помош

C +

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

C +

СДСМ бара реакција од ДКСК и повлекување на Ефимија од Развојната банка поради конфликт на интерес

C +