Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Мизрахи по нарачка на Мицкоски и Груевски го крши Уставот и Договорот од Преспа

Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи мора да биде разрешена бидејќи свесно и намерно го крши Уставот и го погазува Договорот од Преспа со што на ризик ги става односите со соседите и процесот на евроинтеграциите, соопшти СДСМ.

„Мизрахи, како министерка во преодната Влада, наместо да се стави во функција на обезбедување на слободни и демократски избори, таа како кадар на Никола Груевски и Христијан Мицкоски, одлучи да спроведува наредби дадени од Белиот дворец и од Будимпешта.

СДСМ го достави предлогот за разрешување на Рашела Мизрахи во Собранието, бидејќи нема компромиси за непочитување на Уставот и очекуваме таа да биде разрешена на првата наредна седница на Собранието.

Граѓаните знаат дека за опозицијата ситно-партиските интереси се поважни од иднината на државата и дека упорно се залага за враќање на режимот“ се вели во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

ДЕСК

СДСМ: Задоцнета и половична мерка на Мицкоски без ефект, горивата пак ќе поскапат

ДЕСК

Полицијата одзеде десетина возила: Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, осуммина од нив возеле без положен возачки испит, меѓу нив еден малолетник

ДЕСК