Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи и Димитров во работна посета на Париз

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска ќе престојуваат во работна посета на Француската Република.

Во рамките на посетата предвидени се средби со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи, задолжена за европски прашања, како и со Клеман Бон, дипломатски советник за Европа на претседателот Емануел Макрон. Централна тема на средбите ќе бидат европските перспективи на Република Северна Македонија во пресрет на одлучувањето во Советот на ЕУ.

Планирано е Османи и Димитров да остварат средби и со претседателката на Комисијата за надворешна политика во Националното собрание, Мариел де Сарнез, и со генералниот секретар за европски прашања при владата на Франција, Сандрин Годен.

Во фокусот на разговорите ќе бидат европските интеграции, а во контекст на неодамнешното објавување на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.

Посетата на Париз на Османи и Димитров е во период на засилена дипломатска и државна активност во врска со остварувањето на стратешката цел за добивање одлука за почеток на пристапните преговори.

Можеби ќе ве интересира

Македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Државата Катар и Обединетите Арапски Емирати да побараат помош

C +

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

C +

СДСМ бара реакција од ДКСК и повлекување на Ефимија од Развојната банка поради конфликт на интерес

C +