13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Адеми од Трибината 20-24 тема Бенефитите од потпишувањето на Преспанскиот договор: Ја прекинавме тридеценсиката изолација, за 2,5 години ја донесовме земјата од изолација до интеграција

За 2,5 години ја донесовме земјата од изолација до интеграција, истакна во Ресен на програмската трибина 20-24, на тема Бенефитите од потпишувањето на Преспанскиот договор и перспективите кои ги отвора за Северна Македонија, претседателот на комисијата за надворешна политика на СДСМ Едмонд Адеми.

Балканот во минатото произведувал поеќе историја отколку иднина, имал повеќе проблеми, отколку решенија, рече Адеми, и нагласи дека сега Европа може да учи Балканот.

Тридецениската изолација на земјата ја прекинаа двајца храбри луѓе – Зоран Заев и Алексис Цитрас, кои ги подадоа рака и го потпишаа Преспанскиот договор, кој ги подобри односите со Грција и ја одблокира интеграцијата на државата, рече Адеми, додавајќи дека наместо противник, добивме вреден сојузник.

Собранието го ратификуваше Северно-атлантскиот договор и Република Северна Македонија стана 30-та членка на најмоќниот воен сојуз на светот – НАТО и со новосоздадениот контекст, ние добиваме долгорочен мир, стабилност и безбедност, нагласи Адеми на програмската трибина 20-24, на тема Бенефитите од потпишувањето на Преспанскиот договор, претседателот на комисијата за надворешна политика на СДСМ Едмонд Адеми.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК

Милевски: Виница заслужува ред и напредок, да не ја препуштиме повторно на локалните шерифи

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.