Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

По мега аферата која ги тресе режимските анти-западни медиуми се огласи Унгарска амбасада: Унгарија не е против влегувањето на Северна Македонија во НАТО

„Апсолутно ја отфрламе идејата дека Унгарија е против влегувањето на Северна Македонија во НАТО. Отсекогаш сме биле и ќе останеме стабилни поддржувачи на пристапувањето во Северна Македонија” се вели во реакцијата на Угнарската амбасада во Македонија.

– Евроатлантската интеграција на земјата ќе придонесе за стабилноста и безбедноста на целиот регион, во кој Унгарија останува длабоко заинтересирана. Унгарскиот парламент едногласно го поддржа ратификувањето на протоколот за пристапување во Северна Македонија во јуни минатата година. Ние ќе продолжиме да и помагаме на земјата на нејзиниот пат по евро-атлантските интеграции, се додава во соопштението на унгарската амбасада.

Ова доаѓа откако словенечки медиуми објавија мега скандал кој ја тресе и Словенија и Македонија, дека преку унгарски и словенечки компании се финансираат неколку груевистички режимски медиуми во Македонија, на кои им биле префрлени 2,5 милиони евра за уривање на Преспанскиот договор и членството во НАТО.

 

https://center.mk/blog/2020/02/10/slovenechki-mediumi-od-kade-doagaat-milionite-na-jansha-za-operatsijata-makedonija/

https://center.mk/blog/2020/02/12/netsenzurirano-objavuva-mega-skandal-slovenija-otskochna-daska-za-finansirane-na-mediumite-bliski-do-gruevski/

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на самитот на ЕПП: Одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси

C +

Алиу: Македонија високо рангирана на глобално ниво во намалување на неонатална смртност

C +

Синоптичарите излегоа со прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК