Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фатен скопјанец кој обил возило на „МЕПСО“ и украл лаптоп

Единицата за внатрешни работи – одделение за криминалистички работи Ѓорче Петров поднесе кривична пријава против Ш.Д.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.

На 24 ноември минатата година, на паркинг-простор на булеварот Јуриј Гаргарин во Скопје, Ш.Д. со тврд предмет го скршил предното стакло од патничко возило „мицубиши“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на АД „МЕПСО“, при што одзел лаптоп и други предмети и се стекнал со противправна имотна корист од околу 65.000 денари, информираат од МВР.

По преземени мерки било утврдено дека пријавениот е сторител на делото, а по извршен претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното делото./Makfax

Можеби ќе ве интересира

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ВЕЛЕС – 82-годишен маж приведен по пријава дека ја нападнал сопругата со дрвен предмет

ДЕСК

ПРИВЕДЕН ОСОМНИЧЕН ЗА КРАЖБИ НА ВЕЛОСИПЕДИ – Полициска акција во скопски Карпош

ДЕСК

НЕДОРАЗБИРАЊЕ ПРЕРАСНАЛО ВО ТЕПАЧКА – Инцидент во скопска Кисела Вода

ДЕСК