Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мајка и ќерка од Турција со фалсификувани израелски пасоши се обиделе да поминат на Долно Блаце

Скопското обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против мајка и ќерка, на возраст од 45 и 19 години, кои се товарат за кривично дело фалсификување исправа.

Двете се државјанки на Република Турција и на 22 јануари, на граничниот премин Долно Блаце, при влез на државната граница од Косово употребиле лажни јавни исправи.

Притоа, како што информираат од Обвинителството, мајката е обвинета дека употребила лажни израелски пасоши и лични карти за себе и за двата малолетни сина кои патувале со нив, додека полнолетната ќерка е обвинета дека исто така за себе прикажала лажен израелски пасош и лична карта.

Употребените лажни документи се разликуваат од оригиналните израелски документи по квалитетот на хартијата, застапените техники на печатење на образецот, заштитните знаци, сјајот и интензитетот на застапените бои./Makfax

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК