Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Чеченец осомничен за препродажба на дрога во Гостивар

Гостиварското јавно обвинителство донесе наредба за спроведување постапка против едно лице од Чеченија (Руска Федерација), поради сомнение дека имал намера да препродава марихуана од мотел во Гостивар.

Како што информираат од обвинителството, осомничениот 35-годишник, од засега непознато лице купил одредено количество марихуана, која ја држел во својата соба во гостиварски мотел со намера да ја препродава.

При претрес кај осомничениот на 10 февруари биле пронајдени околу 15 грама марихуана во најлонско пакување.

Тој се товари дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар доставил предлог за изрекување притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, како и можност да го повтори делото и да влијае врз сведоци./Makfax

Можеби ќе ве интересира

ДОПОЛНИТЕЛНИ 26.000 ВАКЦИНИ ПРИСТИГНАА ВО МАКЕДОНИЈА – Министерството со известување

ДЕСК

МИЦКОСКИ ЈА ПРЕДИЗВИКА ОПОЗИЦИЈАТА – „Нека побараат распуштање на Собранието, ќе поддржиме предвремени избори“

ДЕСК

Анализа: НА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА Ѝ ТРГНЕ МНОГУ ПОДОБРО – Ако се смират светските кризи, економијата има простор за посилен раст

ДЕСК