Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Воз удри во автомобил, загина 24-годишно момче и тројца се повредени

Дваесет и четиригодишно момче од село Ногаевци загина, а тројца се повредени откако воз удрил во автомобилот во кој се наоѓале тие. Несреќата се случила вчера на обележан патен премин кај стојалиште Ногаевци, кога товарeн воз, кој сообраќал на релација Трубарево – Градско, удрил во автомобил „форд галакси“, кој ја поминувал железничката пруга.

Од здобиените повреди на местото на незгодата починал возачот М.Ѓ.(24) од с.Ногаевци, додека со тешки телесни повреди се здобиле А.В.(47), С.В.(58), двајцата од Градско и Л.Д.(51) од с.Виничани, Градско, сите сопатници во возилото.

Тие биле пренесени во Медицински центар во Велес за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес./Makfax

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +