Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го блокираат покачувањето на платите во високото образование за 10 отсто, продолжуваат да работат на штета на граѓаните

-Извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски преку неговите пратеници и Влатко Ѓорчев упорно продолжува да работи директно на штета на граѓаните на Република Северна Македонија, соопшти денеска СДСМ.

„Ѓорчев како претседател на Комисијата за труд и социјална политика ја злоупотребува функцијата и ја блокира расправата за Предлог-законот за измена на Законот за исплата на платите.

Со овој Предлог-закон се овозможува и вработените во високото образование, односно вработените во државните универзитети да го добијат покачувањето до 10 проценти, исто како и нивните колеги од основното и средното образование.

Мицковски и Ѓорчев на директен начин попречуваат илјадници професори и вработени во високото образование да добијат покачување на платите од 10 проценти, кое им следува од 1 јануари оваа година.

Доколку Предлог – законот не биде изгласан до распуштањето на Собранието, поради блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, вработените во високото образование со месеци нема да можат да го добијат покачувањето на платите што им следува.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да се покачат платите во високото образование, не сакаат граѓаните да имаат повеќе пари, тие се научени парите да завршуваат само во белиот дворец.

Граѓаните го гледаат и ценат ваквиот нечесен однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и затоа на 12 април ќе ги казнат штетните и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ, која работи само за заштита на личните и теснопартиските интереси.

На 12 април, граѓаните ќе потврдат дека политиките на СДСМ што значат раст на платите и повеќе пари во семејствата е правиот, вистински пат.„ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК