Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Продолжува судењето за случајот „Рекет“

Во кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судскиот процес за случајот „Рекет”, каде што се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална обвинтелка Катица Јанева. Судењето за овој предмет е во фаза на презентирање материјални докази од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Рочиштето за „Рекет” вчера беше одложено откако првообвинетиот Бојан Јовановски поради влошена здравствена состојба не се појави пред кривичниот суд. Судот нареди конзилијарно мислење од лекари од Клиничкиот центар кои ќе го прегледаат Јовановски.

Пред судењето тој се жалел на болки во стомакот, гадење и нагони на повраќање, а лекарот испратил мислење дека Јовановски не е способен да го следи рочиштето.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК