Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Почнува комисиската расправа за законот за Јавно обвинителство

Комисиската расправа за Законот за Јавно обвинителство треба да почне во 13 часот, откако синоќа заврши пленарната седница на која се изгласа потребата Законот за Јавно обвинителство и Законот за Совет на јавни обвиниели да се носат по скратена постапка.

Законите сега се враќаат на пленарна седница, каде 80 пратеници треба да дадат зелено светло за законските решенија кои во неделата вечерта Владата ги достави во Собранието. Претходно тие поради технички грешки беа вратени во Владата и повторно доставени.

Собранието само што почна да расправа, ја затвори седницата кога претседателот на Собранието, Талат Џафери, соопшти дека Владата ги повлекла законите за Јавното обвинителство и за Советот за јавните обвинители. Дописот до Собранието стигнал на неколку минути пред почетокот на седницата.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК