Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Стојановска Иванова од „Агенда 20-24- образование“: Образованието се користеше за експериментирање, денес е отворено кон студентите

Трибината „Агенда 20-24- образование“ организирана од СДСМ, ја модерираше професорката Татјана Стојаноска Иванова, доктор по социолошки науки и членка на ИО, која направи компарација на последните две години со претходната деценија владеење на ВМРО- ДПМНЕ.

„Образованието тогаш се користеше за експериментирање, се воведуваа проекти кои воопшто не се напредни, ниту квалитетни. Просветните работници беа заробени и не можеа ниту гласно да зборуваат, а не пак да учествуваат во некои процеси”, рече Стојановска Иванова.

Според неа денес состојбата е сосема поинаква, но смета дека и натаму се потребни реформи.

” Денес имаме далеку поинаква слика. Образованието се отвори кон родителите и пред се кон учениците и студентите. Свесни сме дека нам ни се неопходни целосни реформи, но веќе сме сигурни дека процесот е започнат“, изјави Стојаноска Иванова.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

C +