14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски- Северино: Северна Македонија е на добар пат во справувањето со криминалот и корупцијата

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, се сретна со Паола Северинo, специјалната претставничка на претседателството на ОБСЕ за борба против корупцијата.

На средбата, како што пренесува владината прес-служба, била констатирана определбата на нашата држава за борба против криминалот и корупцијата, од суштинско значење за владеењето на правото и како значаен фактор за економскиот развој. Исто така, биле нагласени како важни превентивните мерки против криминалот, корупцијата и создавањето успешен систем за справување.

Се додава дека било посочено на успешна работа на регулаторните тела и на значајноста на законот за Јавно обвинителство, што треба да овозможи професионален правосуден систем и неселективност на правдата. Поради сето ова, како што се вели во владиното соопштение, оценето е дека Република Северна Македонија е на добар пат за справување со криминалот и корупцијата во земјата и на регионален и меѓународен план.

„Сериозно јакнат капацитетите на нашата држава за справување со криминалот и корупцијата. Преземаме, од 2017 година, активни системски мерки. Еден од тие заштитни, контролни механизми се обезбедените услови за независна и професионална работа на Државата комисија за спречување на корупцијата. Ја усвоивме, на 17 јануари оваа година, Националната стратегија за борба против криминалот и корупцијата. Во финална фаза е носењето на законот за Јавно обвинителство, којшто е веќе утврден од Владата. Подигната е јавната свест за ова прашање низ владеењето на правото, намалувањето на дискриминацијата, јакнењето на социјалната кохезија, овозможената слобода на изразување и работа на цивилниот сектор, демократската контрола врз работата на институциите, коишто работат транспарентно. Усвојуваме закони и мерки согласно регионалните и европските регулативи, затоа што ефикасното справување со криминалот и корупцијата е возможно само низ унифицирани и координирани активности“, рече Спасовски.

На средбата е констатирано дека транспарентноста на институциите во справувањето со криминалот и корупцијата води кон повисока перцепција за криминалот и корупцијата, што е веќе нотирано од ОБСЕ. Посебно е нагласена потребната компетентност на лицата кои работат на овие прашања, како што се судиите и обвинителите.

На состанокот се разговараше и за сајбер-криминалот како предизвик на денешното време, за сите држави во светот, заедно со тероризмот и миграцијата.

Премиерот Спасовски се заблагодари на специјалната претставничка Северино и на ОБСЕ како организација, за континуираната поддршка на нашата држава и придонесот во владеењето на правото и реформите во државава низ експертските и правните совети.

Можеби ќе ве интересира

Исчезнаа две деца во Скопје – едно на 13 годишна, друго на 16 годишна возраст

ДЕСК

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ, ДИК да ги разреши

ДЕСК

Поведена постапка за сторител на неколку тешки кражби во Скопје

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.