Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Познати бизнисмени и фирми должат милиони евра данок – УЈП ја објави листата со имиња на луѓе и фирми кои имаат долг

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници бр.02/2020 за долгови доспеани до 31.10.2019 и неплатени до 31.01.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.02/2020 објавени се 2071 должници – правни лица (повеќе за 76 од претходната листа) и 2529 физички лица (повеќе за 14 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.02/2020 изнесува 10.195.548.760 денари, повеќе за 189.116.316 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.010.296.594 денари (повеќе за 156.322.034 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 185.252.166 денари (повеќе за 32.794.282 денари од претходната листа).

Целата листа е објавена тука.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК