„Пред една година кога темата стана актуелна, нашиот став беше усогласување на сите политички чинители и постигнување консензус. Во тој период ние имавме интензивни разговори и консултации со домашни и странски експерти. Во моментот кога оваа тема се издигна за суштинската потреба од враќање на надежта во правната држава, но и одењето во прилог на европскиот напредок на нашата држава. Носени од интересот на граѓаните и зацртаната стратешка цел за понатамошни ЕУ-интеграции, ние одлучивме да оформиме став и забелешки кои законското решение ќе го подобрат. Апелиравме на јавна расправа и учествуваме во интензивни преговори“, соопшти независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во врска со законот за Јавно обвинителство.
Според нив, граѓаните во огромно мнозинство го поддржуваат евро-атлантскиот напредок на нашата држава. „Силно се заложивме за престанување на политички реваншизам и отпочнување на правда. Со одложената примена на овој закон даваме шанса за конечно усогласување на кривичниот законик со европското кривично законодавство. Ние успеавме јавниот обвинител да биде избран транспарентно. Дадовме конечен рок и постапка за уништување на нелегално стекнатите материјали и овозможивме како опозиционери да се избориме да нема употреба на нелегални докази. Важно е дека обвинителството ќе работи по овој закон без префрлање на надлежностите на СЈО. Нема автоматски трансфер на обвинители од СЈО во ОЈО и избор на нови преку легален, транспарентен процес“, се додава во соопштението.