Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Груби: Законот за ЈО влезе во процедура, се надевам ќе се донесе до распуштање на Парламентот

Законот за Јавно обвинителство и законот за совет на јавни обвинители пристигна во комисијата за европски прашања додека бев на средба со холандските претставници. Треба да го видам предлог текстот, дали е тој што го имаат договорено на владината седница, рече Артан Груби по завршување на средбата со делегацијата на Кралството на Холандија.

„Откако ќе видам дали се усогласените текстви и отпосле ќе кажеме став во однос на законите. Синоќа со коалиционите партнери го усогласивме законот, но, не знам дали е иститот. Процедурата е со скратена постапка, што значи дека прво ќе оди на пленарна седница да се изгласа потребата од носење на законите, по што ќе има прво и второ читање на комисијата за европски прашања, а процедурата треба да заврши за два дена. Што се однесува до комисискиот дел се надевам дека целиот процес ќе го завршиме до среда, за да може законот да се усвои во очекуваниот рок и да се распушти Собранието и да се одржат изборите“ изјави Груби.

Тој нагласи дека очекува од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го прочитаат законот, кој, како што рече, утрово пристигна во Собранието и ќе биде проследен до сите пратеници.

„Законот нуди позитивни решенија и се надевам дека ќе се донесе со консензус” додаде Груби./Makfax

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК