28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Милан Живковиќ од трибината „Агенда – Економија 20 – 24“: Вложуваме во човечкиот капитал, минималната плата ја зголемивме на 14.500 денари, а се отворија 60.000 нови работни места

Државата во 2017 година беше соочена со ситуација која бараше итно носење на промени. Преовладуваше тезата дека нема работници, минималната плата изнесуваше 9.000 денари и владееше став од сегашната опозиција дека раст на платите ќе предизвика губење на илјадници работни места- истакна Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика во СДСМ на трибината Агенда Економија 20-24.

Тоа се покажа дека воопшто не е точно. Минималната плата ја зголемивме на 14.500 денари , а илјадници работни места не се изгубија, туку напротив имаме нови околу 60.000 работни места,благодарение на активните мерки на оперативниот план за вработување, посочи Живковиќ.

Како дел од мерките кои донесоа подобар животен стандард на граѓаните за само 2.5 години, Живковиќ ги истакна субвенционирањето на придонеси од 600 до 6.000 денари за приватниот сектор, решавањето на статусот на 12.000 стечајци, младинските политики како младински додаток, младинска гаранција, можноста на доквалификација и преквалификација, мерки преку кои невработеноста опадна на 17.5 отсто .

Живковиќ истакна и дека она на кое што треба да се насочиме следниот период е уште повеќе вложување во човечкиот капитал, да вложуваме во луѓето, со цел да добиеме општество во кое сите сме еднакви.

Човечкиот капитал да го насочиме во насока на развој на Република Северна Македонија, заклучи Живковиќ.