-Одговорноста за скандалот со медицинскиот отпад е во ВМРО-ДПМНЕ, извршителот на Груевски, Мицкоски не може да побегне од тоа, реагираат од СДСМ на изјава на Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ.
„Ниту една празна прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја сокрие вистината дека фактите за скандалот со медицинскиот отпад покажуват директна поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ и криминалот на Никола Груевски, кој Христијан Мицкоски ревносно го брани.
Ниту Министерството за одбрана е на Радмила Шекеринска, ниту Министерството за здравство е на Венко Филипче па тие лично да даваат тендери некому. Тоа беше пракса во време на владеењето на Груевски, па очигледно портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ така го учеле.
Одговорноста за овој огромен скандал води директно до луѓе блиски на ВМРО-ДПМНЕ, блиски до Груевски и неговиот извершител Христијан Мицкоски.
Директорот на Еко клуб е кадар на Греувски, директорот на Дрисла кој примал несоодтветно третиран опасен отпад бил Горан Ангелов исто кадар на груевски и некогашен кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Обвинителката во предметот, која два месеца се немаше изјаснето за истражната постапка, е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поставена од Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска.
Оваа мрежа составена од лица од ВМРО-ДПМНЕ со години свесно и заради профит ги труеле граѓаните и ја загрозувале животната средина.
Затоа извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски и раководството во белиот дворец очајно се обидуваат да го заташкаат случајот откако се потврди дека токму ВМРО-ДПМНЕ е најодговорна за овој скандал.“ – се вели во реакцијата.