26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Николовски на ФБ: Разбирам дека се нервозни – На 12 април секој ќе се соочи со вистината на основа на тоа што го направил за граѓаните

Фејсбук статус на Љупло Николовски, генерален секретар на СДСМ:

Разбирам дека се нервозни, затоа што во Крива Паланка и целиот овој регион немаат една шајка заковано 11 години а сега кога некој со ❤ влече за својот крај наместо заедно да се радуваме тие покажуваат дека тоа им е криво.

Но, тоа е проблем на нивната незаинтересираност, неспособност и незнаење. Битно им беше во овој регион цело време граѓаните да живеат во страв, бизнисот со казни а тие лично да се богатат.

Денес е поинаку. Граѓаните се слободни, на поединците без оглед на нивните разлики им се помага, нема притисоци и закани а регионот успешно се развива како никогаш.

А тие продолжуваат во истиот режимски стил на шефот Груевски со лажни вести, омраза, завист и неспособност да се борат против своите граѓани од овој крај!

Згора на се плукаат по заеднички, партнерски проект со 🇪🇺 и настан на кој беше лично и амбасадорот на ЕУ #Жбогар.

Првин да ги потсетам дека патот Крива Паланка – Деве Баир, до граничниот премин со Бугарија, е дел од Коридорот 8 и еден од стратешки најзначајните за нашата татковина и нашите граѓани.

Меѓутоа ВМРО – ДПМНЕ го остави да биде најлошиот пат во државата и не направија ништо во тек од една деценија како власт за овој пат што меѓународно ја поврзува и 🇲🇰 и Крива Паланка.

Затоа, Владата во која бев член и Собранието донесоа посебен закон и обезбедивме над 10 милиони евра, плус европски грант од 2 мил евра, ја спроведовме целата постапка и денес конечно сме среќни што имаме одобрение за градба и избран и воведен во работа изведувач на работите.

Како што е предвидено и според планот за работа и според временските услови, работите започнуваат и си продолжуваат. Инаку треба да знаат дека на -7 не се изведуваат работи од нискоградба.

Предвидено е изградба на трета лента, нови мостови, на делови и нова траса и целосна реконструкција на трасата од 13 километри.

Повеќе од една деценција во овој регион не е чепнато, но тоа време е зад нас, сега, за само 2,5 години нема локален или регионален пат во нашите села на којшто не се работи.

Уште повеќе обезбедивме 70 милиони € за железничката линија, се гради новиот експресен пат Страцин – Крива Паланка, целосно се рехабилитира стариот пат Ранковце – Крива Паланка, во фаза е изборот на изведувачи за Куманово – Ранковце а патот што сега се започна до Деве Баир ќе биде готов за 24 месеци.

Така се работи и влече за својот крај и за граѓаните.

Овие историски проекти и успеси се за сите граѓани без оглед на нивните партиски разлики.

Треба да се радуваме сите а не да се делиме.

Треба да ги поздравиме а не да се враќаме назад и да сееме лаги.

На 12 април секој ќе се соочи со вистината на основа на тоа што го направил за граѓаните.

Затоа следува голема победа на успесите и продолжуваме напред!

/