Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Цементарница УСЈЕ: Резултатите од вонредната контрола за потребите на нашата компанија уште еднаш докажаа дека Цементарница УСЈЕ работи според највисоките европски и домашни стандарди

Резултатите од вонредната контрола на алтернативното гориво за потребите на нашата компанија уште еднаш докажаа дека Цементарница УСЈЕ работи според највисоките европски и домашни стандарди и дека употребува гориво кое е еколошки безбедно.

Потврдата од независната лабораторија од Естонија исто така покажа дека сите спротивни тврдења искажани во јавноста се комплетно неосновани и шпекулативни и дека, за жал, воопшто немаат за цел да се идентификуваат вистинските и реални причинители на состојбите со амбиенталниот воздух во Скопје.

Цементарница УСЈЕ и понатаму ќе остане отоворена за граѓаните, граѓанските здруженија и невладиниот сектор кои се заинтересирани за аргументиран и одговорен дијалог. Повторно ги повикуваме сите заинтересирани да нѐ посетат и да ги добијат информацииите засновани на факти. Искрено сме убедени дека заедничка цел треба на сите да ни биде точното информирање на јавноста и реални активности за подобрување на состојбите со животната средина во нашиот град.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК