Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Внимателно вечерва на овие патни правци: АМСМ со важни информации

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Од 19:10 ч. сообраќајот на патниот правец Прилеп – Кавадарци и обратно преку планинскиот превој Плетвар е нормализиран за сите видови на возила.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег. Врнежи од слаб снег се бележат во Делчево, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК