Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Царовска во Берово и Пехчево: Го јакнеме животниот стандард, за младите вработени во производство по 3.000 денари месечно

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска вечерва се сретна со граѓаните на Берово и Пехчево со кои разговараше за реформите и мерките спроведени од Владата предводена од СДСМ.

„Со мерката младински додаток вложуваме во младите и ги мотивираме да работат во производствената дејност. Оваа мерка стартува од идната недела и со неа на младите до 23 години ќе им се исплаќа месечно по 3.000 денари. Ги повикувам младите вработени во производство и земјоделство да се пријавуваат во Центрите за вработување, а парите ќе им се уплаќаат директно на нивните трансакциските сметки”, рече Царовска.

Таа истакна дека изминатите две и пол години силно се работеше на искоренување на сиромаштијата.

„Социјална помош ја зголемивме во просек за 300%. За две и пол години минималната плата ја зголемувме за 60% и сега изнесува 14.500 денари, а плата над 18.500 денари земат 306 илјади вработени. Пензијата на секој пензионер порасна за 722 денари. Продолжуваме да ја движиме економијата и државата напред”, рече потпретседателката Царовска.

Владата предводена од СДСМ продолжува со посветена работа да ја движиме економијата напред и да го поддржуваме бизнис сектор со различни програми и мерки. Сето тоа го прави со силен социјален дијалог.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК