Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Бабовски: Исплатени над 390 милиони денари за субвенции за овоштарство

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗР), денеска на 9.545 лица им исплати 391.455.215 денари за субвенции за одржување овошни насади. Корисници на оваа поддршка се: производители на јаболка, сливи, круши, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, аронија, рибизла, гоџи бери, бадеми и лешници.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, информира дека станува збор за исплата на средства за оние апликанти што имаат поднесено барања за добивање средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година и законски стекнале право на оваа финансиска поддршка.

Заклучно со денешната исплата за овоштарство, исплатени се 1.622.170.858 денари за полјоделците, за лозарите и за градинарите.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК