Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Усвоен е Законот за управување со отпадот, се укинува увоз на отпад кој се користи како извор на енергија, СДСМ останува посветена на заштита на животната средина

Собранието на Република Северна Македонија денеска го усвои Законот за управување со отпадот, со кој се забранува увозот на отпад кој се користи како извор на енергија.

– Како што ветивме пред граѓаните, пратниците на СДСМ и коалицијата го поддржаа ова законско решение кое важно во борбата за зачувување на здравата животна средна.

СДСМ е одговорна партија и се грижи за заштита и унапредување на животната средина, и со тоа за заштита на здравјето на граѓаните.

Ова законско решение дополнително ќе се надгради преку измени и дополнувања по изборите, со новиот собраниски состав.

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, во нашата држава, после долги години се преземаат вистински мерки за управување со отпадот, вистински мерки за заштита на животната средина.

Како одговорна партија остануваме целосно посветени на системски мерки и решенија кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани,се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК