18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Времето целосно се менува: Драстично заладување, силен ветер, па снег низ цела Македонија

Утре во вечерните и ноќните часови ќе настапи значителна промена на времето со врнежи од дожд, кои во текот на ноќта во северните делови на повеќе места ќе преминуваат во снег.

Ќе почне да дува засилен северен ветер кој ќе услови значително опаѓање на температурата, па во среда врнежи од снег ќе има во поголем дел од земјава. На планините, особено на запад снежната покривка ќе се зголеми за околу 20 см, а помала снежна покривка се очекува да се формира и во поголемиот дел од земјава.

Од четврток ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време.

Прогноза за 05.02.2020
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 0°С до 8°C
Облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд. Ќе дува засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.

Прогноза за 06.02.2020
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: -2°C до 6°C
Променливо облачно, студено и ветеровито со засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.

Прогноза за 07.02.2020
Минимална температура: -11°C до -2°C
Максимална температура: 0°C до 8°C
Променливо облачно и студено со умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК

(ВИДЕО) Вербален инцидент во Кочани: Родители на загинатите во пожарот во „Пулс“ се соочија со поранешниот градоначалник додека седеше во кафеана

ДЕСК