18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО ДПМНЕ лаже, вистинската адреса за скандалот со медицинскиот отпад е белиот дворец, нивен кадар раководеше со Дрисла, случајот веднаш бил пријавен во обвинителството

ВМРО ДПМНЕ продолжува да изнесува лаги од јавноста и да повикува на одговорност на погрешни адреси. Вистинската адреса за то што медицинскиот отпад нетретиран се депонирал во Дрисла е белиот дворец, велат од СДСМ.

– Ваквото однесување на фирмата „Еко клуб“ е класичен пример како власта на ВМРО ДПМНЕ се однесувала со отпадот и како им дозволувала на фирмите блиски до нив да не ги почитуваат законските прописи.

Периодот во кој отпадот се носел на Дрисла е кога таму директор бил Горан Ангелов, кадар на ВМРО ДПМНЕ, па многу лесно Јанакиевски и Ангелов можеле да договорат каков отпад да се депонира на Дрисла, а каков да се пријави.

Ако ВМРО-ДПМНЕ внимателно ја следеше прес конференцијата на градоначалникот Шилегов ќе сфатеше дека случајот е пријавен веднаш по откривањето, во декември, со пријава во Јавното обвинителство, а тоа го потврди и самото обвинителство во денешниот одговор до медиумите. Што значи, Шилегов и градскиот инспектор не молчеле, туку пријавиле кај надлежен орган и му оставиле простор да спроведе истрага.

Откако изминаа 45 дена од пријавата, а во меѓувреме градскиот инспектор Мирослав Богдановски доставил и видео и фото документација до јавното обвинителство, Градот Скопје ги сподели информациите со јавноста за да издејствува поодговорен и подинамичен пристап кон случајот.

Вистината за случајот е една и таа е нашиот најсилен аргумент против лагите на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК