Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Уште милион прашања да постават од белиот дворец, одговорот е секогаш ист, ВМРО-ДПМНЕ ги кратеше пензиите, ги осиромашуваше граѓаните, а државата ја водеше во неповрат

Уште милион прашања да постават од белиот дворец, одговорот е секогаш ист, ВМРО-ДПМНЕ ги кратеше пензиите, ги осиромашуваше граѓаните, а државата ја водеше во неповрат, реагираат од СДСМ на изјавата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДМПНЕ може да постави и уште милион прашања до Царовска и до Владата предводена од СДСМ. Одговорот на сите ќе биде ист:

ВМРО-ДПМНЕ цела деценија ја водеше државата во неповрат.

ВМРО-ДПМНЕ им ги кратеше пензиите на пензионерите.

ВМРО-ДПМНЕ сееше и продолжува да се сее страв со бегалците

ВМРО-ДПМНЕ ги остави со децении вработените на минималец од 9.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ дозволи да се врзуваат деца за радиjатори во гломазните институции

ВМРО-ДПМНЕ цели 10 години ги оставаше најранливите во систем за социјална заштита, давајќи им само трошки.

ВМРО-ДПМНЕ заборави на градинките, воспитувачите и негователките. За децата се грижеше нестручен кадар кој со години работеше за минималец

ВМРО-ДПМНЕ ги политизираше и продолжува да ги политизира институциите вршејќи притисоци врз администрацијата попречувајќчи ги процесите и реформите кои носат само добро на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ беше и остана извор на непознавање на основни и суштински работи. Како што е непознавање на професијата социолог и социјален работник.

Одговорот на прашањата го знаат граѓаните. На 12 април тие ќе одберат опција за одење кон подобро и напред, а не за враќање назад во неповрат.“ – се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК