Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Билатерални средби на претседателот Пендаровски во рамки на официјалната посета на Република Полска

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Полска, оствари билатерални средби со Маршалот на Сејмот (долниот дом на полскиот парламент), Елжбијета Витек и со Маршалот на Сенатот (горниот дом на полскиот парламент), Томаж Гроцки.

На средбите беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји. Оценувајќи дека Полска е ценет партнер на Северна Македонија во нејзините напори за членство во Европската унија и во НАТО, претседателот Пендаровски повика на натамошна засилена соработка на парламентарно ниво меѓу двете држави, со цел размена на искуства и унапредување на севкупната билатерална соработка.

Претседателот Пендаровски на средбите се заблагодари што Полска беше меѓу првите земји-членки што го ратификуваа протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Претседателот Пендаровски исто така посочи на важноста за одржување и унапредување на динамиката во политичкиот дијалог меѓу двете држави.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК