Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МНР: Успешно спроведена евакуацијата на македонска државјанка од Вухан, Кина

Министерството за надворешни работи информира дека македонска државјанка, врз основа на доброволна согласност, а со посредство на амбасадите на Република Северна Македонија во Пекинг и Париз, успешно е евакуирана од кинескиот град Вухан. Нејзината здравствена состојба е добра, не постојат симптоми на коронавирусот.

„Постапката на евакуацијата беше спроведена преку приклучување кон Програмата за евакуација на Франција, која за оваа намена организираше специјален лет кој што денеска слета во воена база на југот во Франција. Пред да го продолжат патот до своите матични држави, патниците ќе бидат евакуирани во помал град на југот на Франција, каде ќе подлежат на задолжителен карантин во трaење од 14 дена, што е воспоставен протокол за евакуација на сите патници од Вухан.

Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација со евакуираната патничка преку надлежните амбасади во Пекинг и Париз, како и преку властите на соодветните држави“ соопшти МНР.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК