Centar.mk
БИЗНИС

МФ: Државниот долг за 2019 намален, јавниот долг стабилизиран и понизок од проекциите

Државниот долг во 2019 година е намален за 0,4 процентни поени во однос на 2018 година и изнесува 40,2% од БДП, покажуваат последните објавени податоци на Министерството за финансии.

„Јавниот долг е стабилизиран и умерен и тој изнесува 48,9% од БДП. Во 2016 година јавниот долг изнесувал 48,8% од БДП. Ако се земе предвид дека во јавниот долг во 2019 е вкалкулиран и негарантираниот долг (од 0,3 процентни поени), кој претходно не бил сметан, во 2019 долгот е на пониско ниво во однос на 2016 година за 0,2 процентни поени“, покажуваат податоците.

Инаку, јавниот долг во 2019 година заврши под проекцијата на ревидираната Фискална стратегија 2020 од 49,3%. Проекцијата во Фискалната стратегија 2017-2019, подготвена во 2016, за 2019 изнесувала 56%, односно за 7 процентни поени повеќе.

За разлика од брзорастечкиот јавен долг од 2008 до 2016 година, кога истиот се удвоил од 23% на 48,8% од БДП, велат од МФ, сега тој е стабилизиран, што може да се види и од кривата на долгот.

„Стабилизацијата на долгот се должи на водењето на прудентна политика за јавен долг која ги таргетира компонентите кои го креираат долгот: буџетскиот дефицит, преку негова консолидација и сервисирањето на старите долгови. Ако порано буџетскиот дефицит достигнувал до 4% од БДП, годинава тој е проектиран на 2,3%, а следните две години ќе се намали на 2% од БДП. Со тоа ќе се стесни просторот за финансирање. Бројот на аукции на државните хартии од вредност исто така е преполовен. Каматните стапки се неколкукратно намалени, така што со пониска камата се рефинансираат старите издадени државни хартии од вредност кои доспеваат“, соопштија од МФ.

Можеби ќе ве интересира

Инфлацијата достигна 4,5 отсто – Животот станува сѐ поскап, како преживуваат граѓаните со толку ниска минимална плата?

ДЕСК

Маск може да заработи билион долари ако „Тесла“ ги исполни целите

C +

Николоски: Градскиот воз станува реалност. Отпочна изградбата на првата линија од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода до Нова железничка станица

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.