Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски до португалската амбасадорка: Сојузништвото во НАТО и почеток на преговори со ЕУ силна мотивација за продлабочување на односите

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, ја прими амбасадорката на Португалската Република во нашата земја, Марија Вирџинија Мендес да Силва Пина.

Премерот Спасовски на средбата го нагласи интересот на нашата земја за продлабочување на целокупните односи меѓу двете земји, како неопходност имајќи го предвид фактот што наскоро Северна Македонија станува полноправна членка на НАТО, со што двете земји стануваат сојузници, и ја очекува одлуката за започнување преговори со ЕУ со што ќе се отворат можности за поблиска соработка меѓу двете земји.

На средбата беше истакнато дека двете земји имаат интерес да ја подобрат билатералната рамка на соработка, во однос на потпишување билатерални договори за одбегнување двојно оданочување, за реципрочна промоција и заштита на инвестиции, за размена и заемна заштита на класифицирани информации.

Овие, како и сите други билатерални договори меѓу Северна Македонија и Португалија, ќе отворат простор за поширока и подлабока соработка, особено во делот на економијата и бизнисот каде што се препознаваат сериозни потенцијали.

Спасовски ја повтори поканата до португалскиот премиер Антонио Коста да ја посети нашата земја во знак на искреното политичко пријателство и во насока на поттикнување на соработката.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК