Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Град Скопје ја прогласи 2020 за година на Славко Јаневски, а ВМРО-ДПМНЕ го лустрираше

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, по повод 100-годишнината од неговото раѓање, ја прогласија 2020 година за година на Славко Јаневски, соопшти СДСМ.

„Родениот скопјанец Јаневски е еден од најголемите македонски творци и уметници кој остави длабоки траги во македонската книжевност и култура.

Во годината на Јаневски, Град Скопје ќе преземе низа активности како изработка на мурал, именување на еден од библиотечните клонови во негова чест и именување на улица со што ќе се оддаде почит кон големиот уметник Јаневски. Оваа голема личност за македонската книжевност беше под удар на нарачаната лустрација спроведена од ВМРО-ДПМНЕ.

Заради лични и теснопоратиски интереси на Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ со лустрацијата нанесе историска неправда врз Јаневски и неговото потомство. Денес, истото тоа ВМРО-ДПМНЕ се противи и не сака да се поништи политичкиот процес на лустрација.

Со славењето на 2020 како година на Јаневски, СДСМ преку градската власт ја исправа неправдата и на достоен начин оддава признание на ликот и делото на Јаневски“, велат од партијата.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК