Градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски, објави дека Корејците кои вчера беа вербално нападнати во центарот на Скопје, се членови на невладина организација кои во училиштата во Свети Николе држат предавања за ширење мир и пријателство.
„Корејците кои вчера беа нападнати од страна на непристоен жител на Скопје, дојдоа во Свети Николе со добра мисија за ширењеа мир и пријателство во основните училишта во нашиот град. Оваа е уште еден доказ до каде оди нашето општество. Срамота за тоа какви луѓе има кај нас“, вели Велковски.
Тој објави дека лицата се од Сеул, Јужна Кореја, и дека се дел од невладината организација „eavenly Culture World Peace Restoration of Light (HWPL), која одржува работилници на тема „Мир, толеранција и меѓусебно разбирање“ со ученици од 7, 8, 12 и 13 години.