Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бегале од полицијата па се забиле во бетонски ѕид

Нa магистралниот пат Струмица – Радовиш, во близина на бензинска пумпа кај с.Владевци, полициски службеници дале знак за запирање на возило „опел вектра“, сопственост на Ш.С.(30) од с.Слатино, Тетовско, но возилото не застанало, по што удрило во бетонски ѕид на бензинската пумпа.

По тоа, возачот и совозачот го напуштиле местото на настанот, а полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и СВР Струмица во возилото пронашле осум лица мигранти (еден од Сирија, тројца од Авганистан и четворица од Иран).

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Мигрантите се сместени во Прифатен центар за странци „Гази Баба“ и Привремен транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот./Makfax

Можеби ќе ве интересира

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +

СДСМ: Започна, доаѓаат „економски работници“

C +

Трајановски: Државата не е подготвена за укинување на техничката влада

C +