Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Познат идентитетот за приведените за дојавата за бомба во Сити Мол – 19 годишни момчиња праќале СМС пораки и до граѓани и ги “канеле” на разговор во полициска станица

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР денеска (29.01.2020) приведоа две лица во врска со лажната дојава за бомба во трговскиот центар Сити мол во Скопје.

Приведени се П.Ц. (19) и А.Д. (19) и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека единици на министерството извршија увид во трговскиот центар Сити мол и утврдено е дека станува збор за лажна дојава за бомба.

Министерството за внатрешни работи, исто така, ги информира граѓаните дека од истиот телефонски број , преку кој е лажно пријавена бомба во Сити Мол, на околу 40 граѓани во Скопје им се ипратени СМС пораки со покани да се јават во полициска станица на разговор.

Ги информираме граѓаните дека покани за разговор во полициска станица Министерството за внатрешни работи доставува со писмо на домашна адреса или преку телефонско јавување на надлежниот инспектор, а не преку СМС пораки.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК