Centar.mk
ЛОКАЛНО

ПОЦ: Од денеска камери за автоматско препознавање на регистарски таблички на паркиралиштето „Трготекстил“

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, денеска го пушти во употреба новиот систем за автоматско препознавање на регистарски таблички на затвореното паркиралиште „Трготекстил“.

Овој мрежен систем вклучува ANPR камери (камери за автоматско препознавање на регистарски таблички) кои ќе овозможат точна идентификација на возилата и ефикасна контрола и управување со пристапот од сите влезови на паркиралиштето, соопшти ПОЦ.

Поради секојдневните злоупотреби на досегашниот систем и бројните жалби и поплаки од граѓаните, ЈП ПОЦ ќе го воведе овој систем на сите три затворени паркиралишта со цел да се постави ред и контрола. ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе ги раскине корисничките договори за повластени паркинг-карти на сите корисници кои ќе вршат злоупотреби. Ваков систем веќе е поставен на паркиралиштето „Автомакедонија“, а во наредниот период ќе се воведе и на паркиралиштето „Дом на градежници“.

Со воведувањето на системот за автоматско препознавање на регистарски таблички ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе стави крај на неправилностите кои се случуваа години наназад на трите затворени паркиралишта „Дом на градежници“, „Трготекстил“ и „Автомакедонија“ и ќе направи ред во паркирањето давајќи приоритет на жителите кои живеат во опфатот на овие паркиралишта.

Можеби ќе ве интересира

Градоначалникот на Битола на прославата на патрониот празник и големиот јубилеј на градинката “Естреја Овадија Мара”

ДЕСК

Ќе поскапи ли паркингот во Битола – Корекцијата на цените е неминовна

ДЕСК

Ѓорѓиевски денес изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“

ДЕСК