Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Амбасадорката Тигањ ги пренесе хрватските заложби за европската интеграција на земјава

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска се сретна со хрватската амбасадорка во нашата држава, Нивес Тигањ.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата била изразена хрватска поддршка за реализацијата на полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО, како и за исчекорот на земјава во европските интеграции.

„Хрватска, којашто од овој месец го презеде претседавањето со ЕУ, ќе настојува и за успех на вашата држава во европските интеграции“, го повтори амбасадорката Тигањ ставот на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Во однос на реформите за евопските интеграции, соговорниците констатирале дека добро би било сите да дадат свој придонес во донесувањето на Законот за јавно обвинителство.

Премиерот Спасовски се заблагодарил на премиерот Пленковиќ и на Република Хрватска за континуираната поддршка на напредокот на нашата држава, додавајќи дека Република Северна Македонија заслужено очекува прогрес во евроинтеграциите.

Можеби ќе ве интересира

Митева како политички незрел потег ја оцени најавата на СДСМ за повлекување од работната група за изборниот законик

ДЕСК

Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД – нашето стратешко партнерство ја зацврстува македонската одбрана и колективната безбедност во НАТО

ДЕСК

Николоски за стопирање на биометриските проверки кон Грција: Не треба да правиме маркетинг туку да ја завршиме работата

C +